Ракомет

Потврдени сатниците за натпреварите на машката ракометна репрезентација на СП 2025

Потврдени сатниците за натпреварите на машката ракометна репрезентација на СП 2025

Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2025 година каде ќе настапи и нашата ракометна репрезентација.

Машката репрезентација на Македонија своите натпревари против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ги игра во „Вараждин Арена“ во Хрватска.

Првиот меч Македонија ќе го игра на 15 јануари од 20:30 часот, додека мечот со Холандија се игра на 17 јануари од 18:00 часот.

Последниот дуел од групата против Гвинеја ќе се одигра на 19 јануари во вечерниот термин од 20:30 часот.

Ако Македонија продолжи во главната рунда на СП 2025 и тие натпревари ќе ги игра во Вараждин.

To top