Со натпреварите Холандија – Грузија (почеток 18 часот) и Шведска – Хрватска (20:30 часот), вечер во Малме ќе биде комплетирана првата, групна фаза на Европското ракометно првенство.
И пред овие натпревари познати се 12. репрезентации кои продолжуваат во главната рунда.
Влез во Топ 12 изборија: Германија, Шпанија, Португалија, Данска, Франција, Норвешка, Словенија, Швајцарија, Шведска, Хрватска, Исланд и Унгарија.
На ЕП 2026 настапи и македонската репрезентација која играше во Б-групата и освои три бода по поразот од Данска, ремито со Португалија и победата над Романија. „Црвено-жолтите“ на крајот ќе се најдат на 14.место од вкупно 24 учесници и со обезбедено место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.