Една од најдобрите ракометарки во светот, која играше и за македонскиот ЖРК Вардар, Камила Херем, објави дека се повлекува од спортот поради болест.
Легендарната ракометарка боледува од рак на дојката и сега ќе им се посвети на закрепнувањето и на терапијата.
Херем го одигра својот последен натпревар на 2 април, што значи пред четири месеци. Соло и Сторхамер играа, а таа објави дека ѝ е дијагностициран рак пред три и пол недели, по преглед, ултразвук и мамографија. На дојката била пронајдена грутка, која се покажала како малиген тумор.