Високиот 210 сантиметри ракометар Матеуж Пиеховски, е првиот полски ракометар во дресот на клубот од Битола.
„Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека нов член на нашиот клуб е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски. Повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.
Пиеховски потпиша договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела“, се вели во клупското соопштение.