Ракомет

Питлик: Македонија е млад тим и ќе даде се од себе на овој меч

Питлик: Македонија е млад тим и ќе даде се од себе на овој меч

Данскиот репрезентативец Симон Питлик зборуваше за чувството повторно да се игра во Хернинг, како и за првиот противник на Европското првенство, репрезентацијата на Македонија.

Домаќинството во „Јиске Банк Боксен“, според Питлик, носи дополнителна мотивација за данскиот тим, кој очекува силна поддршка од трибините уште од стартот на турнирот.

„Убаво е повторно да се биде дома и да се игра во ‘Јиске Банк Боксен’. Со нетрпение го очекуваме натпреварот и се надевам дека ќе добиеме силен импулс од навивачите. Тие секогаш се со нас и стојат зад репрезентацијата“, изјави Питлик.

Осврнувајќи се на дуелот со Македонија, данскиот бек истакна дека станува збор за млад, но квалитетен тим кој нема што да загуби и ќе влезе максимално мотивирано во натпреварот.

„Се работи за млад и добар тим, со многу квалитетни играчи. Тие ќе дадат сè од себе за да видат дали можат да ни создадат притисок и да одиграат добар натпревар. Очекувам тежок натпревар и се надевам дека ќе одиграме квалитетно и ќе бидеме на потребното ниво од самиот почеток. Македонија ќе даде апсолутно сè што има“, додаде данскиот репрезентативец.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 16 јануари од 20:45 часот.

To top