Ракомет

Пик Сегед го декласираше ПСЖ за четвртфинале во ракометната ЛШ

Пик Сегед го декласираше ПСЖ за четвртфинале во ракометната ЛШ

Во реванш натпреварот од плеј-офот во ЕХФ Лигата на шампионите ракометарите на Пик Сегед во Париз убедливо со 35:25 го совладаа ПСЖ.

Иако францускиот тим по првите 60 минути имаше минимална позитива од 31:30 остварена во Унгарија, играчите на Пик Сегед се надминаа себеси и обезбедија пласман во четвртфиналната фаза.

Седум погодоци беа дело на Шоштариќ во победничките редови, по четири имаа Фримел и Банхиди. На спротивната страна осум погодоци беа дело на Шипжак.

Познати се сите четвртфинални двојки во ЛШ, а натпреварите ќе се играат на 23/24 април и 30 април/1 мај 2025 година.

Паровите се: Магдебург – Веспрем, Пик Сегед – Барса, Нант – Спортинг и Фуксе Берлин – Алборг.

To top