Ракомет

Петриќ: Олимпијакос има квалитетна бековска линија

Петриќ: Олимпијакос има квалитетна бековска линија

Ракометарите на Охрид со максимален ефект и шест победи од шест натпревари „влегуваат“ во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против грчки Олимпијакос.

За разлика од претходните ривали Олимпијакос е секако најквалитетниот ривал, екипа која пред две сезони беше финалист во ова натпреварување.

– Направивме анализа на играта на Олимпијакос и на последните тренинзи работиме на тактички план. Тие се квалитетен состав и на секоја позиција имаа добри играчи. Ќе треба да внимаваме пред сè на бековската линија бидејќи таму се најопасни. Ќе треба да дадеме максимум на првиот натпревар во Атина за да имаме полесна работа на домашен терен. Добро е што реваншот го играме дома и за подготовка, но очекувам да има полна сала и да имаме максимална поддршка од нашите навивачи, изјави ракометарот на Охрид Стефан Петриќ.

Натпреварот Олимпијакос – Охрид во Атина се игра во недела со почеток во 16 часот.

To top