По вчерашниот пораз во Лигата на шампионите од Веспрем, македонскиот ракометен шампион денеска на домашен терен го прегази Радовиш со 45-23 во премиерниот меч од 9. коло од новата сезона во Суперлигата.
Битолчани кои беа без својот капитен Филип Кузмановски кој го пропушти мечот поради раѓањето на неговиот син, уште од самиот старт тргна фуриозно и веќе на пауза имаше голема предност од 21-11.
Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 45-23. Цветан Кузмановски со девет гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Филип Трајанов постигна шест гола.