Ракометниот клуб Алкалоид од Скопје ги почна подготовките за новата сезона, а на стартот промовираше и четири нови засилувања, три домашни и еден странец.
Марко Кизиќ, Никола Костески и Михаил Ивановски се македонските ракометари кои му се приклучија на Алкалоид, а потпиша и Португалецот, Оливеира да Силва.
Кизиќ пристигна од Пелистер, Костески доаѓа од Чешка од тимот на Плзен, а Ивановски е прекомандуван од Мулти Есенс.
Да Силва Оливеира во Португалија играше за Брага и Виториа, додека го носеше и дресот на шпанска Гвадалахара и унгарски Егер.