Големи очекувања има и во австрискиот табор пред мечот со Македонија, каде селектор е Алеш Пајовиќ. Пајовиќ ги најавил следните дуели со најава за сите три нови противници.
– Македонците се многу борбени, играат со срце и карактер, исто како моите момци. Имам добро чувство дека ќе освојуваме бодови и во главната фаза. Секогаш постои шанса да доживееме и неуспех на сите три натпревари, но нашиот план е да победуваме, – рекол Пајовиќ, најавувајќи ги и дуелите со Холандија и Унгарија.
– Не сум селектор кој бара изговори и постојано се жали на нешто, но сигурно дека отсуството на играчи како Билик, Божовиќ и Живковиќ е голем удар за нас. Но, како што рече нашиот капитен Фримел уште на стартот, секој мора да даде повеќе и тоа и се случи. Желба, срце и поддршка од трибините, ако продолжиме вака, ќе се радуваме и на натпреварите во Вараждин, – рекол Пајовиќ.
Македонија и Австрија денес од 15:30 часот ќе ја отворат програмата во Вараждин, во групата во која Холандија ќе се сретне со Катар, а во вечерниот термин Унгарија ќе ја предизвика Франција.