Ракомет

Ојлески: Нека биде ракометен празник и да испишеме историја

Ојлески: Нека биде ракометен празник и да испишеме историја

Ракометарите на Охрид ќе го дочекаат Олимпијакос во реванш дуелот од четвртфиналето на ЕХФ Купот.

„Гладијаторите“ го дочекуваат грчкиот ривал со предност од пет гола која ја стекнаа на првиот меч во Атина.

На прес-конференцијата се обрати еден од најискусните во тимот

„Имавме тешко патување и натпревар во Атина. Се вративме со неколку повредени играчи кои мораше да бидат поштедени. Се подготвуваме максимално. Средбата в сабота сигурно нема да биде лесен. Нè очекува тежок натпревар, Олимпијакос е искусна и квалитетна екипа со добри играчи кои ќе се обидат да променат и да изненадат.

Сигурно нема да се откажат од пласманот. Се надевам дека сите ќе одиграме добар натпревар, ја повикувам публиката да не поддржи и да биде ракометен спектакл. Се надевам ќе го исполниме зацртаното. Мора да останеме сплотени, да се фокусираме на натпреварот и да направиме историски успех за нашиот клуб“, изјави Ојлески.

Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра во салата „Билјанини Извори“ в сабота во терминот од 18:00 часот.

 

To top