Во првото коло, на машкиот ракометен турнир Шпанија беше подобра од Словенија со 25-22 и тоа благодарение на одличниот голман Гонзало Перес де Варгас и пресвртот во второто полувреме.
Де Варгас го заврши натпреварот со 15 одбрани и е најзаслужен за триумфот на неговата репрезентација и покрај тоа што Гомез Абељо постигна седум гола.
Во словенечката селекција, Деан Бомбач постигна пет гола, Кодрин четири, а двајцата голмани остварија вкупно 10 одбрани.
Ракометната репрезентација на Египет стигна до првата победа на олимпискиот машки турнир во Париз, откако денеска во воведното коло од групата Б славеше над Унгарија во крајно интересен натпревар со 32-35.
Јахија Омар и Ахмед Адел со по девет гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените Бенце Имре постигна седум гола.
На овој меч на центарот беше македонската судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.