Ракомет

ОИ: Јужна Кореа ја изненади Германија, Бразил убедлив против Шпанија

ОИ: Јужна Кореа ја изненади Германија, Бразил убедлив против Шпанија

Пред свеченото отварање на Олимписките игри кое на програмата е утре во Париз, на распоредот денеска е ракометниот турнир во женска конкуренција.

Јужна Кореја ја приреди најголемата сензација совладувајќи ја Германија со 22-23 во првото коло. Риу и Канг имаа по шест гола кај победникот, додека на другата страна Доел запиша исто толку погодоци.

На останатите средби: Словенија загуби од Данска со 19-27, Холандија ја совлада Ангола со 34-31, додека пак Шпанија беше поразена од Бразил со убедливи 18-29.

To top