Ракомет

Охрид подобар од Турда во првиот меч од европскиот Куп

Охрид подобар од Турда во првиот меч од европскиот Куп

Ракометарите на Охрид славеа против Потаиса Турда со 31-25 (18-15) во првото коло на Европскиот куп.

Охриѓани одиграа одлично на кам-бекот на евросцената и запишаа убедлива победа од +6, со кои ќе патуваат на реваншот.

Домаќините во првото полувреме одржуваа минимална разлика во натпреварот, а дури на крајот успеаја да избегаат на плус 3.

На стартот од вториот дел избраниците на Стевче Алушовски заиграа поангажирано и во еден момент стигнна до предност од седум гола (28-21).

На крајот победата беше убедлива за радост на навивачите во салата „Билјанини извори“, што дава надеж дека тимот ќе се врати победнички од Романија.

To top