Ракомет

Охрид официјално го претстави Стефан Петриќ

Охрид официјално го претстави Стефан Петриќ

Стефан Петриќ денес официјално беше претставен како нов ракометар на Охрид. 24-годишниот лев бек по две години поминати во тимот на Вардар 1961 потпиша за „гладијаторите” од Охрид.

Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија.

Бекот доаѓа по повредата на Орјоканидѕе, кој ќе отсуствува подолг период и од следната сезона. На оваа позиција Охрид за следната сезона веќе ги има Иванковиќ и Кукуловски.

Левиот бек постигна дваесет гола во Европската лига, но во последно време играше помалку крај Борозан и Хорига.

На едно коло до крајот на плеј-офот Охрид веројатно ќе заврши на четвртото место и ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп.

To top