Ракомет

Охрид ќе биде домаќин на завршниот ракометен турнир за пионери

Охрид ќе биде домаќин на завршниот ракометен турнир за пионери

Викендов Охрид и спортската сала „Билјанини извори“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир на четирите најдобри екипи во пионерскиот шампионат на Македонија во ракомет.

Пионерите на Алкалоид како фаворити ќе го дочекаат дуелот со Аеродром. Мечот ќе се одигра в сабота од 14:15 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Во второто полуфинале ќе се соочат ГРК Охрид и Струга.

Победниците од двете полуфиналиња патуваат во финалето кое е закажано во недела од 19:30 часот, а претходно ќе се одигра и натпревар за третото место меѓу поразените тимови од 17:45 часот.

Поврзани теми

To top