Ракомет

Ново бундеслигашко засилување за ГРК Охрид

Ново бундеслигашко засилување за ГРК Охрид

Нов член на „гладијаторите“ е левиот бек од Хрватска, Анте Иванковиќ. Иванковиќ е играч кој во новата средина доаѓа од редовите на германскиот состав Штутгарт за кого настапува во изминативе две сезони.

Претходно го носеше дресот на Цеље и на Дубрава, па дефинитивно ќе биде значајно освежување за Охрид.

Нов тренер на прволигашот ќе биде Борис Ројевиќ, додека официјализирани беа и потписите на Тилен Стрмлјан и Предраг Вејин.

To top