Новата ракометна сезона во машката Супер-лигата ќе стартува на 7. септември, и тоа со големо дерби помеѓу Алкалоид и Вардар што ќе се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје
Овие два тима водеа жестоки битки во претходните две сезони, летово дополнително се засилија и се со амбиции за највисок пласман, па интересно ќе биде да се види дали Алкалоид или Вардар ќе успее триумфално да ја почне новата суперлигашка сезона, што e закажана за 7 септември.
Шампионот Е. Пелистер во првото коло ќе му гостува на тимот на Тиквеш, Пролет ќе гостува во Прилеп, додека Охрид, кој значително се засили за новата сезона, во првото коло ќе му гостува на повратникот во елитното друштво, тимот на Радовиш.Вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер е закажано за 4. коло
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Алкалоид – Вардар
Радовиш – Охрид
Бутел Скопје – Куманово
Прилеп – Пролет
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Струга – Бисинов