Ракомет

Николa Граховац во дресот на Е. Пелистер до 2028 година

Николa Граховац во дресот на Е. Пелистер до 2028 година

Никола Граховац го продолжи договорот со актуелниот ракометен шампион на Македонија откако од битолскиот тим објавија дека Граховац ќе биде во дресот на Е. Пелистер до 2028 година.

„Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Е. Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната 2027/28“, објавија од клубот.

Граховац пред да дојде во Македонија настапуваше во Хрватска, Унгарија и Германија.

To top