Ракомет

Никола Граховац потпиша за Е. Пелистер

Никола Граховац потпиша за Е. Пелистер

Македонскиот шампион Е. Пелистер продолжува со засилувањата во пресрет на клучниот дел од сезоната, откако го ангажираше хрватскиот кружен напаѓач Никола Граховац.

27-годишниот пивотмен потпиша договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната натпреварувачка година.

Граховац доаѓа од германскиот бундеслигаш ХСГ Вецлар и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, со што ќе ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид.

Новото засилување ќе биде официјално претставено пред јавноста до крајот на неделата.

To top