Ракомет

Никлас Ландин на операција пред стартот на сезоната

Никлас Ландин на операција пред стартот на сезоната

Големи проблеми за данскиот ракометен гигант Алборг пред самиот почеток на новата сезона. Клубот се соочи со неочекуван удар откако беше потврдено дека првиот голман и легенда на светскиот ракомет, Никлас Ландин, ќе мора да оди на итна операција на коленото. Според клубот, Ландин ќе биде надвор од теренот најмалку шест до осум недели.

Повредата доаѓа во најлошиот можен момент. Ландин почувствувал болка во коленото на почетокот на неделата, а деталните прегледи покажале дека хируршката интервенција е неопходна.

Ова ги принуди челниците на клубот веднаш да реагираат, доведувајќи го на позајмица исландскиот голман Аугуст Бјоргвинсон од Рибе-Есбјерг како привремена замена.

To top