Словенечката ракометна репрезентација ќе патува на Европското првенство без Нејц Цехте, кој го извести селекторот Урош Зорман дека нема да учествува поради семејни обврски.
Искусниот десен бек нема да е единствениот кој ќе отсуствува од континенталниот собир, затоа што своето учество веќе го откажаа Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малус.
Словенија на ЕП ќе се натпреварува во групата Д, каде за противници ќе ги има селекциите на Црна Гора, Швајцарија и Фарските Острови.