Ракомет

Најдобрите ракометарки ја стартуваа мисијата ЕП 2024

Најдобрите ракометарки ја стартуваа мисијата ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација ја стартуваше мисијата ЕУРО 2024.

Селекторот на селекцијата Кристијан Грчевски и неговите избранички за време на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари против Австрија на гости наредната сабота и недела.

Националниот тим ќе биде комплетиран во среда, последна ќе се приклучи Леонида Гичевска. И овој пат Грчевски има проблем со повредите, под знак прашалник се средниот бек Ивана Арсениевска и десниот бек Јована Кипријановска кои се неизвесни за настап на овој меч.

Да подсетиме Македонија на ЕП ќе игра во Дебрецин, прв противник е Шведска, дуел кој се игра на 28. ноембри, додека пак два дена подоцна следува мечот со Турција.

На 2. декември нашите ракометарки групната фаза ќе ја затворат против домаќинот, Унгарија.

To top