Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се делегирани да го судат дербито на колото во македонската Супер Лига меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер,.
Двете екипи играат подоцна во рамки на осмото коло заради обврските во Европа, а мечот во „Автокоманда“ ќе биде битка за првото место на табелата.
Алкалоид досега е без ниту еден пораз и има седум победи на седум меча, а Еурофарм Пелистер има еден пораз и загуби од Вардар 1961.
Делегати на натпреварот ќе бидат Николовски Ацо и Начевски Марјан.