Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина ја игра последната сезона во својата богатата ракометна кариера.
Средниот бек на ЦСКА Москва објави дека оваа сезона во која со рускиот клуб ќе настапува само на домашна сцена ќе и биде последна во нејзината кариера.
Со руската репрезентација стана олимписка шампионка во Рио 2016 година.Илина играше за Кубан Краснодар, па четири сезони во Ростов Дон и по една година пауза се врати на терените во дресот на ЦСКА Москва во 2019 година и ќе комплетира шест сезони во московскиот тим.