Ракомет

Начевски и Божиновски ќе го судат на Суперкупот во Кавадарци

Начевски и Божиновски ќе го судат на Суперкупот во Кавадарци

Македонските ракометни судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски се можеби пред најголемиот предизвик, затоа што РФМ ги делегираше за судии на претстојниот ракометен Супер Куп во Кавадарци.

Двата најтрофејни македонски клуба,Е.Пелистер како актуелен шампион, и Вардар 1961, како освојувач на Купот, в среда ќе водат битка за првиот трофеј во сезоната.

Натпреварот во салата „Јасмин“ е закажан за 19:00 часот, а се очекува вистински ракометен спектакл, со две навивачки групи.

To top