Ракомет

Мукаетов: Заедно истуркавме уште еден голем проект

Мукаетов: Заедно истуркавме уште еден голем проект

Заврши 24.Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, шампионат на кој домаќин беше Ракометната федерација на Македонија и Скопје.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов по заврпување на СП за ракометарки до 20 години изјави:

-Би сакал да се заблагодарам на сите кои беа вклучени во овој проект: вредните волонтери, бројните спортски работници, тимот во Федерацијата, партнерите од доверба, медиумите, нашите поддржувачи – сите кои веруваа дека можеме да се износиме со уште еден ваков голем проект. Се надевам дека оваа заемна доверба, соработка и силното спортско партнерство, ќе продолжат да се надградуваат и во иднина, -истакна Мукаетов.

To top