Веспрем оваа сезона беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а прв на удар на навивачите е тренерот Момир Илиќ.
По поразот од Алборг во Данска, раководството на унгарскиот клуб застана во одбрана на стручниот штаб, но не е познато дали ќе биде продолжена соработката.
„За мојата иднина одлучува раководството на клубот“, кажа Илиќ на пресот после мечот со Алборг.