Ракомет

Мохамед Мамдух Шебиб е нов член на РК Е.Пелистер

Мохамед Мамдух Шебиб е нов член на РК Е.Пелистер

Кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, е нов член на  Еурофарм Пелистер.

Тој ќе ја засили пивотментската позиција, каде клубот немаше вистинска замена за Денис Васиљев, кој замина оваа лето.

„Нашето ракометно семејство повторно има член од големата ракометна сила – Египет. Кружниот напаѓач на египетската репрезентација, Мохамед Мамдух Шебиб, потпиша договор со првакот на Маедонија, Еурофарм Пелистер за сезоната 2024/25 и следната сезона 2025/26“, се вели во соопштението на македонскиот шампион.

Шебиб во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт. 35-годишниот Шебиб има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува петнаесет години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови: во Египет, Франција, Египет и Катар

Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи.

Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела. Неговото претставување е предвидено в петок на 25 октомври.

To top