Ракомет

Младите ракометарки со убедлива победа над САД го почнаа СП

Ракометната репрезентација на Македонија за девојки до 20 години со победа над САД од 32-15 го почна настапот на Светското првенство кое се одржува во Скопје.

Почнавме фуриозно со водство од 7-1, потоа го контролиравме резултатот, на одморот имавме предност од 15-6.

Во вториот дел селекцијата на САД пружи мал отпор, дојде до -6, но Македонија направи серија од 8-0 и веќе беше јасно дека тоа ќе биде убедлив триумф. Конечниот резултат беше 32-15.

Најдобра ракометарка беше Борјана Коцева која даде девет гола, Ива Младеновска постигна седум.

Следниот натпревар на Македонија е во петок од 18 часот против селекцијата на Исланд.

To top