Младинската репрезентација на Македонија го запиша вториот триумф на „Трофеј Карпати“ во Романија, откако славеше против Словачка со убедливи 33-23.
Македонија играше сигурно од самиот почеток на мечот и првото полувреме го доби со 18-11, додека во вториот дел ја зголеми предноста до конечни 33-23.
Најдобар во редовите на македонската селекција беше Димитар Узунчев со 10 голови, додека Самоил Ристевски постигна седум гола.
Македонските ракометари претходно беа подобри од Саудиска Арабија, третиот меч на турнирот го играат утре од 16.30 часот против Романија.
Турнирот „Трофеј Карпати“ се игра од 15 до 17 декември и ќе биде дел од подготовките на младите ракометари за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Словенија.