Ракомет

Младите пелистерци добија силна група во младинската ЛШ

Младите пелистерци добија силна група во младинската ЛШ

Втората сезона на проектот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), наречен младинска Лига на шампиони, почнува оваа пролет.

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер повторно ќе ја претставуваат Македонија и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Хрватска, Данска и Германија

Битолчани се најдоа во втората група и на 30 и 31 март 2026 година ќе се натпреваруваат во хрватскиот град Пореч.

Хрватскиот младински првак Загреб, дански Алборг и бундеслигашот Фуксе Берлин се противниците во групата. Ждрепка ќе ги одреди полуфиналните парови, а само победникот во групата ќе се пласира на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во јуни годинава.

To top