Ракомет

Младинците на Е. Пелистер поразени од Фуксе Берлин во дуелот за пласман на Ф4

Младинците на Е. Пелистер поразени од Фуксе Берлин во дуелот за пласман на Ф4

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер остана без пласман на завршниот фајналфор турнир во Лигата на шампиони, откако беа убедливо поразени од германскки Фуксе Берлин со 51-21.

Во финалето од квалификацискиот турнир што се одржа во хрватскиот град Пореч, битолчани беа поразени од Фуксе Берлин, чии врсници беа подобри во текот на целиот натпревар и забележаа убедлива победа.

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер во финалето се пласираа откако претходно го совладаа данскиот ракометен шампион Алборг со 24:23.

To top