Македонската младинска машка ракометна репрезентација со убедлива победа го започна ЕП во Целје.
Нашите момци на стартот ја совладаа Црна Гора со 31-21 (12-5). Следен противник е селекцијата на Хрватска, меч кој се игра утре со почеток во 12 часот.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Узунчев со осум, како и Калајџиески и Субашевски со по пет погодоци, додека голманите Галевски и Брестовац комбинираа 12 одбрани. Во Црна Гора се истакна Добрковиќ со шест гола.