Младинците на Пелистер ќе биде дел од квалификацискиот турнир за Лига на Шампиони во група со противници од Хрватска,Данска и Германија.
Пелистерци турнирот и шанса за повторен пласман на Ф4 во Келн, Германија ќе ја бараат на 29 и 30 Март во Пореч , Хрватска.
Младинците на Е. Пелистер се во група со големи имиња од ракометот и тоа со: хрватскиот Загреб, германски Фуксе Берлин и данскиот Алборг.
На другите квалификациони турнири играат во Букурешт, Динамо Букурешт, ГОГ Гудме, Нант, Спортинг Лисабон. Во Сегед, Унгарија се: Барселона, Колстад, Висла Плоцк, ПИК Сегед и во Веспрем учествуваат: ПСЖ, Веспрем, Магдебург, Киелце.
Ланската година како предигра на Ф4 во Келн, зелено-белите играа и загубија од ГОГ и Барселона. На што му претходеше пласманот преку квал. турнир во Букурешт,Романија каде ги победија Киеце и Динамо Букурешт.