Македонската младинска ракометна репрезентација продолжува со настапите на Светското првенство кое се одржува во Полска, а следниот предизвик е натпреварот за 25. место на турнирот.
Селекторот Раде Стојановиќ и неговите избраници го дознаа противникот за овој дуел – репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Американците против Бахреин извојуваа триумф од 29-26 и со тоа закажаа дуел со нашата младинска селекција.
Натпреварот е закажан за утре, со почеток во 18:30 часот. Оваа средба е можност за младите македонски ракометари да го заокружат учеството на првенството со позитивен резултат и да го освојат 25. место.