По натпреварот со Висла Плоцк свое видување од поразот даде и македонскиот репрезентативец и голман на тимот Никола Митревски.
„Конфузен натпревар, со многу грешки. Двапати се враќавме во натпреварот од негатива од пет гола, но во тие моменти не успеавме да израмниме. Особено имавме шанса во 45 минута, бидејќи во тој случај во финишот ќе влезевме во егал, но во тие моменти направиме грешки во нападот и промашивме зицери.
Сè уште треба да работиме доста, ни претстојат уште три натпревари во Лигата на шампионите и плеј-офот во Суперлигата. Нè чека многу работа и многу натпревари до крајот на сезоната“, кажа искусниот голман.