Средниот бек на македонската ракометна репрезентација, Марко Митев, ги искажа очекувањата за претстојниот натпревар со Данска во 1. коло на Европското првенство 2026.
– За четири дена почнуваме со настапите на Европското првенство. Фокус е на првиот наш натпревар, против Данска. Тие се фаворити, но ние ќе го дадеме максимумот во обид да избориме добар резултат. Ни останува добро да се подготвиме до натпреварот, како тактички, така и колку што може подобро на физички план. Ќе се обидеме да го следиме нивниот ритам, изјави Митев.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров од вчера се наоѓаат во Данска, која заедно со Шведска и Норвешка ќе биде организатор на континенталниот собир.
Македонските ракометари претпладнево имаа фитенс-тренинг, а за вечер е најавен стандарден тренинг во сала.
„Црвено-жолтите“ на ЕП 2026 с ево група со Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).