Ракомет ракомет

Милионски ракометен трансфер: Европскиот првак пазари голманска ѕвезда?

Германскиот бундеслигаш Магдебург кој го има и епитетот на актуелен европски првак подговува голем трансфер, затоа што води интензивни преговори да го донесе Андреас Волф во тимот.

Како што тврди „Билд“, Магдебург преговара со Киелце, а полскиот тим не планира лесно да го даде човекот кој е член на клубот од 2019 година. И тоа се бара милионски трансфер – цифра од 1,2 милиони евра за Германецот.

Доколку овој трансфер се реализира, тој ќе биде најголемиот на Магдебург. Целата зделка ќе зависи од случајот на Никола Портнер, голманот кој е суспендиран поради допинг, но се бори на суд да ја докаже својата невиност.

Доколку Портнер се врати на голот, тогаш на Магдебург нема да му треба нов чувар на мрежата. Трансфер-рекордот во ракометот засега го држи Никола Карабатиќ, кој во 2015 година за 1,8 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ.

To top