По последниот натпревар нашата најдобра голманка Јована Мицевска со многу емоции го опиша нивниот настап на овој континентален собир.
„Многу емоции кои кратко траеја. Велат сè што е убаво кратко трае, така и нашата авантура на ова Европско Првенство. Беше голема чест, одговорност да се носи светиот дрес, кој многу тежи на ова натпреварување. И после сѐ, радувај се Македонијо и биди горда, затоа што имаш светла иднина. Верувам дека наредното ќе трае многу повеќе.
Голема благодарност до нашите фамилии и пријатели кои допатуваа во Дебрецен и ни дадоа неизмерна поддршка. Голема благодарност до сите оние кои истото го направија преку малите екрани. Вие сте ни најголемата мотивација и поради вас ќе бидеме уште подобри“, напиша нашата голманка.
На крај Македонија групата во Дебрецен ја заврши на третата позиција, поради подобрата гол-разлика со Турција.