Ракомет

Металург Автокоманда ќе игра два пати дома во ЕХФ Европскиот Куп

Металург Автокоманда ќе игра два пати дома во ЕХФ Европскиот Куп

Македонскиот вицепрвак два пати ќе игра на домашен терен во второто коло против тимот на Диферданж од Луксембург.

Европската ракометна федерација заедно со клубовите ги потврдија термините и саатниците за двата меча.

Првиот натпревар е на програмата на 4 октомври од 16:00 часот, додека реваншот на кој Металург Автокоманда е формално гостин се игра следниот ден во истото време.

Двата меча се закажани во салата во Автокоманда.

Поврзани теми

To top