Ракомет

Машката ракометна репрезентација ќе биде домаќин на Естонија во Скопје

Машката ракометна репрезентација ќе биде домаќин на Естонија во Скопје

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе ги стартува квалификациите за ЕП 2026 што ќе се игра  Данска, Шведска и Норвешка.

Првиот противник во овие квалификации за ЕП е селекцијата на Естонија, а тој натпревар ќе се одигра на 6 ноември.

Ракометната федерација на Македонија реши домаќин да биде Скопје и СЦ „Борис Трајковски“, а почетокот е закажан во 20:00 часот.

Во квалификациската група 1, покрај Македонија и Естонија, се уште и селекциите на Литванија и Словенија.

Најдобрите две од осумте квалификациски групи, како и четирите најдобро третопласирани селекции ќе обезбедат место на континенталниот собир.

To top