Ракомет

Мартин Поповски останува во Цирих до 2026 година

Мартин Поповски останува во Цирих до 2026 година

Македонскиот ракометен интернационалец Мартин Поповски, ќе го продолжи својот престој во Швајцарија.

Тој потпиша нов договор со Амичитија Цирих и ќе остане во овој клуб најмалку до 2026 година, односно ќе комплетира шест сезони.

Штипјанецот е најдобар стрелец оваа сезона на тимот од Цирих со 106 голови, а поголем дел од минутите на терен ги игра на десната бековска позиција. Поповски пред да замине за Швајцарија играше за Текстилец, Вардар Јуниор, Вардар и Пролет

To top