Ракомет

Марин Шипиќ пред преселба во Бундес-Лигата

Марин Шипиќ пред преселба во Бундес-Лигата

Според информациите на хрватскиот портал „Germanijak“, за кружниот напаѓач на хрватската репрезентација Марин Шипиќ заинтересирани се Фленсбург, Фуксе Берлин и Кил.

Покрај овие три бундеслигаши, интерес за Шипиќ покажале и други клубови, па останува да се види кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Шипиќ моментално настапува во Швајцарија, каде што го носи дресот на амбициозниот Луцерн, клуб во кој пристигна во сезоната 2023/24.

To top