Ракомет

Македонските ракометни кадети ќе разигруваат за пласман од 17-то до 24 место

Македонските ракометни кадети ќе разигруваат за пласман од 17-то до 24 место

По трите порази од Франција, Германија и Полска, македонските машки ракометни кадети ја завршија групната фаза од Европското Првенство на последното место во својата група

Тоа значи разигрување за пласман од 17 до 24 и борба за опстанок на ЕП, односно да не се испадне во Б дивизија (ЕХФ шампионат) во 2026 година.

Македонија е дел од групата Л и ќе игра против Украина на 12 август, против Грција на 13 и против Италија на 15 август.

Најдобрите две од групата Л ќе вкрстат со најдобрите две од групата К, каде што се Полска, Црна Гора, Израел и Романија во битката за 17 до 21 место.

To top