Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија е на собир во Скопје. Македонските ракометарки ги чекаат последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2026-та.
Селекторот Кристијан Грчевски на својот список има 20 ракометарки кои за само два дена ги чека првиот и тоа голем предизвик.
Македонските ракометарки веќе в среда во СЦ „Борис Трајковски“ ќе играат против светскиот вицешампион Германија.
Тој натпревар ќе се игра во терминот до 18 часот, а РФМ реши, вратите на „Борис Трајковски“ да бидат ширум отворени, односно влезот слободен.
Во последниот меч од квалификациите македонските ракометарки ќе гостуваат во Велење кај Словенија на 12 април.