И во вториот контролен меч македонската женска ракомерна репрезентација во салата „Автокоманда“ во Скопје славеше против Велика Британија овојпат со 34:19.
Нашиот селектор Кристијан Грчевски во рамките од ЕХФ неделата за двомечот со Британките повика само ракометарки од домашното првенство.
Потсетување дека на првиот пријателски дуел нашите ракометари беа подобри од Велика Британија со резултат 36:17.
Овој двомеч беше дел од подготовките следните квалификациски мечеви за пласман на Европското првенство 2024.
Потсетување дека нашата селекција успешно стартуваше на патот кон следниот континентален собир со двете победи над Азербејџан и Литванија. Во март следната година избраничките на Грчевски двапати ќе ги одмерат силите против Шпанија.