Ракомет РФМ

Македонските ракометарки од денеска на подготовки

Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 20 ракометарки, а ќе отсуствува само повредената Ива Младеновска.

Македонските ракометарки од денеска на подготовки

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација денеска во Кавадарци ги почнува подготовките во рамки на ЕХФ неделата. Селекторот Кристијан Грчевски за оваа акција повика 20 ракометарки, а ќе отсуствува само повредената Ива Младеновска.

🇲🇰 Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во петок (28) ќе одржи собир во Кавадарци, по што ќе замине…

Posted by Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница on Петок, 28 ноември 2025

Ракометарките по мини подготовките во Кавадарци ќе учествуваат на меѓународен пријателски турнир во Анкара, Турција и притоа ќе одиграат три натпревари.

Во периодот од 5 до 7.декември Македонија ќе игра против Словенија, Словачка и домаќинот Турција.

To top