Ракомет

Македонските ракометари тргнаа за Силкеборг

Македонските ракометари тргнаа за Силкеборг

Македонската ракометна репрезентација, по завршувањето на настапите на „Жолтиот куп“ во Винтертур, тргаат во Данска.

Според планот на патување, македонската експедиција денес преку Цирих и Франкфурт ќе отпатува за Силкеборг каде се очекува да пристигне околу 16 часот.

Во земјата кодомаќин на Европското првенство 2026 избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги доработат подготовките пред своите настапи на шампионатот.

Во Силкеборг македонските ракометари ќе се подготвуваат до 13 јануари. За вечер од 19 часот предвиден е и тренинг.

На ЕП „црвено-жолтите“ ќе играат во Хернинг во група со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.

To top