Македонската машка ракометна репрезентација веќе е во Копер, градот каде што ќе се одигра вториот квалификациски дуел против Словенија.
Кирил Лазаров и неговите избраниците во недела од 18:30 часот ќе играат пред полни трибини.
Првата средба во Скопје заврши со победа на противникот од пет гола разлика. Словенија и на втората средба ќе биде фаворит, и покрај тоа што ги нема сите ѕвезди бидејќи во составот има ракометари кои играат во врвни тимови и во сите европски клупски натпреварувња.
Лазаров пред некој ден дополнително го повика Аларов од Вардар откако се повреди дефанзивецот Никола Маркоски.
Македонија во овие квалификации има една победа и два порази.